Лидерите од земјите-членки на ЕУ до средината на изминатата ноќ во Брисел решаваа за судбината на илјадниците мигранти од Сирија кои пристигнаа во Грција и Италија. Претседавачот на самитот, Доналд Таск, изјави за BBC дека 40.000 мигранти ќе бидат релоцирани во други земји-членки на Европската унија во текот на наредните две години.
Сепак, ќе има задолжителни квоти за секоја од државите кои ги преселува мигрантите.
Грчката криза со долгот исто така се наоѓаше на агендата на самитот. Грција и нејзините интернационални кредитори остануваат без решение после разговорот во четвртокот навечер.
Претходно, Таск ги повика земјите членки да го поделат товарот кој им го донесоа илјадниците илегални мигранти кои го преминаа Средоземното Море.
Новите бројки на Центарот за бегалци на Обединетите нации покажуваат дека 63.000 мигранти годинава пристигнале во Грција, а 62.000 во Италија.
„Лидерите се согласија дека 40.000 лица на кои им е потребна помош ќе бидат преместени од Грција и Италија во други земји во наредните 2 години“, изјавил Таск. „Министрите за внатрешни работи ќе ја финализираат шемата до крајот на месец јули“.
Лидерите исто така се согласиле да сместат уште 20.000 бегалци кои моментално се наоѓаат надвор од границите на ЕУ. Францускиот претседател Франсоа Митеран вели дека очекува најголемиот дел од нив да бидат од Сирија и Ирак.
Деталите за тоа каде ќе бидат сместени бегалците треба штотуку да бидат одлучени.