Најголемиот културен геноцид се случувал до неодамна, а веројaтно не сте ни знаеле за него

Комисијата за вистина и помирување на Канада објави дека повеќе од еден век учениците во Индијанските резиденцијални училишта биле злоупотребувани. Во периодот помеѓу 1880-тите и 1990-тите, 150.000 деца од домородните племиња во Северна Америка биле праќани во институции каде им биле искоренети мајчиниот јазик и културата. Многумина се соочиле со емоционално, физичко и сексуално малтретирање.

Канадските власти и цркви спроведувале политика на „културен геноцид“ врз домородните деца во текот на 19-тиот и 20-тиот век, според истражувањето на центарот кој испрашувал 150.000 Нативно-американски деца, деца кои биле насилно отстранети од своите семејства и запишувани во училишта во кои биле постојано злоупотребувани.


После 7 години ислушување и сведочење од илјадници жртви, Комисијата за вистина и помирување на Канада во вторникот повикала на прошка и разбирање.

„Овие мерки биле дел од политиката на земјата да ги елиминира домородците бидејќи биле различни, и да ги асимилира во канадската култура против нивна волја“, пишува во последниот извештај на комисијата.



„Канадската влада ја практикувала оваа политика на културен геноцид бидејќи сакала да се ’заштити’ од своите легални и финансиски облигации кон овие племиња и да ја превземе контролата над нивните земји и ресурси“.

Финансиран од отштетата од голема тужба против федералната влада, проектот продолжил и покрај одбивањето и повременото мешање на конзервативната влада на првиот министер Стивен Харпер. Според претседателот на комисијата, Мареј Синклер, ова било „тешко, инспиративно и болно патување“. Синклер е судија од Манитоба чии родители и баби и дедовци ја преживеале злоупотребата во овие училишта.


„Искуствата од овие училишта се веројатно најмрачните и најнепријатните поглавја од нашата колективна историја“, изјавил Синклер за прес-конференција во Отава.

Во периодот на оваа политика, повеќе од 150.000 нативни деца биле насилно натерани да посетуваат настава во христијански училишта со цел да се отстрани од нив нативната култура и да се интегрираат во канадското општество. Во овие училишта им било забрането да зборуваат на својот мајчин јазик и редовно биле тепани, недоволно хранети и запоставувани.


„Им биле одземени самопочитта и идентитетот“, вели Синклер.

Повеќе од 3.000 деца починале и биле закопани во необележани гробови, без никаква идентификација или потврда од родителите. Стапката на смртни случаи кај овие деца била повисока отколку кај канадските војници во Втората светска војна, пишува во извештајот. Ова биле училишта кои често немале никакви игралишта, но секогаш имале големи површини со гробје.


„На родителите децата им биле украдени од прегратката, однесени на далечно и непознато место, и никогаш повеќе не ги гледале. Децата, закопани во необележан гроб, кој е одамна заборавен, срушен и преграден. Помислете на тоа. Поднесете ја таа информација. Замислете како им било на овие луѓе“, вели Синклер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О