Контролната конзола е фокусирана на возачот, а во централниот дел доминира екранот од мултимедијалниот систем. Интересно е дека инструментите за брзина и за вртежи на моторот се аналогни, а невообичаена е и позицијата на копчето за стартување на автомобилот кое е сместено на управувачот.
Италијанската компанија веќе најави дека ќе користи врвни материјали за внатрешноста, но дополнително треба да ги открие разните комбинации кои ќе бидат достапни за купувачите. Моделот што е на фотографиите има комбинација од црна кожа, алкантара и црвен конец.