Нов пехар за Ѓорческа: Македонката триумфираше во двојки во Прокупље

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успешно заврши уште еден ИТФ фјучерс вреден 10.000 американски долари, овој пат во Прокупље, Србија.

20-годишната тетовка триумфираше во двојки со нејзината партнерка Александра Нанкароу од Австралија. Во денешното финале тие ги победија Доминика Петерова и Вендула Зовинцова со 2:0 во сетови, со идентични 6:2.
За Македонката ова е седма титула во „дубл“ во 2015 година, вкупно 22 во кариерата во оваа конкуренција.
Пред завршниот меч во двојки, Ѓорческа играше во четвртфиналето во сингл, но неочекувано загуби од домашната тенисерка Милана Спремо (7:6, 6:1).

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О