Повеќето млади луѓе, барем еднаш во младоста ја слушнале родителската препорака да внимаваат каде одат и што пијат бидејќи наводно некои луѓе „ставаат дрога во пијачките“. Таа изјава денеска има статус на урбан мит и е добра шега на социјалните мрежи, но сепак се уште е актуелна.
YouTube корисникот JoeySalads направи видео во кое речиси премногу сериозно му пристапува на проблемот, но покажува колку е лесно да се стави дрога во пијачката.
Тој е убеден дека ставањето дрога во пијачките е присутна и опасна работа, а се надева дека неговото видео ќе спречи некој да стане жртва поради невнимание.