На интернет се појавила видео снимка од несреќата на ролеркостерот во "Alton Towers", во која тешко биле повредени четири лица, две жени и двајца мажи.
До несреќата дошло кога се судриле два вагона, од кои едниот бил полн, а другиот празен.
Управата на забавниот парк потврдила дека се случила несреќа на ролеркостерот кој почнал со работа пред две години, а на самото место биле пратени пожарникари и Итна помош.
На ролеркостерот имало 16 лица, а инцидентот се случил на патеката која била блиску до земјата.
Евакуацијата на луѓето од ролеркостерот траела неколку часа, а наскоро ќе започне и истрага.