Зеколи: Груевски и Ахмети се гаранти на недемократичноста, неправедноста и неслободата во било кој изборен циклус

- Од круцијална важност е да разбереме дека она што се случува сега во Македонија не е криза, туку шанса и можност за вистински промени.



Вистинската криза ќе настапи доколку ЕУ и САД не ја разберат и ја пропуштат оваа историска и, се плашам – неповторлива шанса за уривање на овој ислужен, застарен и злокобен систем – вели во интервју за БГНЕС политичкиот аналитичар од Македонија, Арсим Зеколи.
Прашан дали и премиерот Никола Груевски и неговиот коалициски партнер Али Ахмети, не се дел од тој стар систем кој треба да се промени Зеколи вели:


– Политичката природа на Груевски мислам дека ја опишав во првиот одговор во однос на овдешниот начин на избор и промоција на ликовите во политиката. Неговиот подем во политиката не се должеше на неговите познавања, способности и умешности. Туку токму на спротивното – на неговите потпросечни способности, кои умешно се камуфлираа од страна на системот кој го величаше поради тоа што со него се гарантираше неговото опстојување. Тоа е и причината зошто Груевски никогаш не прифати – или не му беше дозволено – да влезе во директна медиумска полемика и дебата со неговите политички опоненти. Неговиот инфериорен страв од Црвенковски, Шеќеринска беше веднаш нотиран, но сега мислам дека стравот од Заев е уште поголем. Како поради информациите на лидерот на опозицијата, толку повеќе и поради неговата популарност кај средните и пониските слоеви на општеството, вклучително и кај албанците. Затоа бизарното кај Груевски е што мислам дека дури ни тој самиот не е сосема свесен за невидливите конци околу него кои го третираат како марионета. Тој секако имаше можност да донесе вистинска, квалитативна промена на системот и менталната матрица на земјата, но со својата недописмена арогантност и опкруженост со профитери и полтрони се определи за демонстрација на гола сила, за покривање на сопствената инфериорна духовна природа преку наметнување на бизарна материјалистичка супремација. Најжалното од се е што не само што не успеа да го урне системот наследен од комунизмот, туку наместо тоа го карикатуризира македонскиот национален идентитет, кој неговите предци го градеа со векови.

Ахмети е, пак, сосема друга приказна, бидејќи по природа на своето политичко дејствување тој е типичен конвертит кој се приклонува кон тековната сила која му гарантира подем, опстојување или спас во политиката. Кај Ахмети нема идеологија, нема духовна ориентација, нема национализам, нема ниту замислена ниту посакувана друга цел сем онаа да се биде на власт по секоја цена. Тој беше марксист-ленинист кога тоа беше популарно во 80-тите, за време на престојот во емиграцијата и војните во Косово и Македонија се обидуваше да стане поголем Косовар од Косоварите, поради Сали Бериша и Хашим Тачи се приклонуваше кон десничарството, (но сега тоа не му успева со Еди Рама, како социјалист со убедување), додека исламистите му носеа гласови имаше симпатии за нив, но кога тоа стана опасно пред западот – стана поголем православец од Охридскиот Митрополит, додека Црвенковски беше Премиер безмалку го третираше како идол, за по краток период на адаптација истиот приод го усмери и кон Груевски. Впрочем, за неговата конвертитска природа доволно зборува фактот што неговата партија ДУИ идеолошки ја дефинира како –тематска. Преведено на обичен јазик, тоа би можело да се интерпретира како „зависно кој е на власт кај Македонците и кој од нив нуди повеќе, изјавил Зеколи за бугарската БГНЕС пренесе Кирилица.

Целото интервју на Заколи прочитајте го тука

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О