Типови на чевли што секој маж треба да ги поседува

За разлика од жените кои никогаш не велат дека имаат доволно обувки, кога станува збор за мажите, нивните потреби се сведуваа на неколку типови на чевли. Со овие шест модели на чевли, ќе може да ја комплетирате секоја модна комбинација.


1. Црни класични „оксфордки“


Црните кожни „оксфордки“ се одличен избор во комбинација со костум, за покласичен изглед и исто таква пригода. Важно е да ги одржувате во добра форма и секогаш да се осигурате дека се доволно сјајни. Набавете црни „оксфордки“ со едноставен и безвременски дизајн и нема да треба да се грижите дека некогаш ќе излезат од мода.


2. Бели ниски патики


Носењето патики надвор од фитнес салите и спортските терени во комбинација со покласични парчиња, во последно време е моден тренд во светот. Ниските патики со едноставен дизајн се одличен за секојдневна примена и неофицијални пригоди. Одберете патики во бела боја што ќе го истакне моделот и ќе може да ги комбинирате на речиси сè.


3. „Антилоп“ чевли


Овие чевли се лесни за облекување и носење и се одличен избор за топлата сезона - ќе изгледате дотерано дури и на официјални пригоди без да ви е претопло или да делувате пред другите како да не знаете која сезона е. Најдобро го комплетираат кежуал изгледот и „паметниот“ стил на облекување. Предлагаме да одберете нијанса од палетата на земјените бои, а најсигурен избор е беж бојата.


4. Кафени „везени“ чевли


Овој модел на чевли има потекло од Шкотскаa, a ги карактеризира тоа што доаѓаат во кафена боја и имаат дистингтивен дизајн - везени елементи на рабовите и горниот дел на чевелот. Секако, доколку инвестирате во квалитетни и кожни чевли од овој модел, особено е важно да го најдете вистинскиот восок за полирање и одржување на истите. Доколку го направите тоа, ќе ги поседувате и носите долги години.


5. Кожни чизми на врзување

Ваквите обувки се единствените чизми што ви требаат. Одлични за есенски и зимски денови, прилагодливи на различни типови на панталони - може да ги носите со завратени ногавици или пак целосно пуштени врз нив, по што ќе делуваат како ниски чевли.



6. Летни еспадрили


Мажите кои ги носат, ќе потврдат дека ова се најлесните и најудобните обувки што може да ги облечете. Најчесто ги има во посветли бои, како бежови и сини нијанси или морнарски дизајн. Одлични се за на одмор и прошетка низ градот во лето, во комбинација до долги ленени панталони или памучни шорцеви.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О