Американски оклопни возила минуваат низ Австрија. Штрахе: Што подготвува НАТО на Истокот!?

Како што се наведува, се работи за пешадиски возила од типот "страјкер", кои ги користи Вториот американски коњечки полк, стациониран во Германија.

- Повторно транспорт на американски оклопни возила низ неутралната Австрија! Какво е ова вооружување на НАТО кое што се одвива на Истокот?

Откако на својот Facebook профил лидерот на Слободарската партија на Австрија Хајнц-Кристијан Штрахе ја искоментира фотографијата која што беше објавена во магазинот heute.at на која што се гледаат голем број на американски оклопни борбени возила на теретен воз кој што минува низ Железничката станица во Санкт Пелтен.


Wieder US-Panzertransporte durch das neutrale Österreich! Welche militärische NATO-Aufrüstung findet hier im Osten statt?http://www.heute.at/leser/art23650,1175497
Posted by HC Strache on Thursday, June 25, 2015

Колку за потсетување, Штрахе неодамна исто така бурно реагираше кога австриската железничка станица OeBB кон крајот на март превезуваше 26 американски тенкови од типот "бредлеј".

Министерството за одбрана на Австрија го потврди тогашниот транспорт потенцирајќи дека превозот е легален, со објаснување дека амбасадата на САД поднела барање за одобрување на транзит на 26 тенкови, на што било позитивно одговорено.



Инаку, "страјкер" е современо оклопно возило на Војската на САД со осум тркала, има погон на четири тркала коj што може да се редуцира на погон на сите тркала. Една од главните задачи му е брз и безбеден превоз на пешадијата на бојното поле.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О