25-годишната Тејлор Свифт и нејзиното момче, 31-годишниот Келвин Харис, минатите 12 месеци заедно заработиле дури 146 милиони долари, со што ги надминале Бијонсе и Џеј Зи, и станале најплатен славен пар на годишната листа на Forbes.
Американската пејачка и британскиот ди-џеј, покрај успешните песни и распродадените концерти, имаат и договори за соработка со бројни компании и брендови, кои значително го зголемиле нивното богатство.
Бијонсе и Џеј зи, кои се на второто место, минатата година заработиле 110,5 долари, додека третопласирани се кантри ѕвездите Блејк Шелтон и Миранда Ламберт, кои во тој период инкасирале 57 милиони долари.