Рак, Скорпија, Риби
Желни сте да ја пронајдете вистинската љубов со која ќе останете засекогаш. Тема која ги исполнува вашите очекувања е судбинската поврзаност на две души што се сакаат, како и љубов која не знае за простор и време. Уживате и во приказни за семејните вредности кои треба да се почитуваат.
Омилени филмови:
Мостовите на Медисон, Оркански височини, Англиски пациент, Казабланка, Другата сестра Бојлен, Дух
Бик, Девица, Јарец
Во реалноста сте многу одговорни, организирани и прибрани, но вашата романтична душа копнее за љубовни приказни. Во светот на фантазијата и имагинарните ликови умеете да проживеете многу повеќе. Сакате приказни за обични луѓе кои ќе се најдат во необични ситуации. Омилени теми ви се радоста на животот, страста за готвење, а уживате и во филмови со длабоки филозофски дилеми.
Омилени филмови:
Чоколадо, Џули и Џулија, Нотинг Хил, Мајсторот и Маргарита, П.С. Те сакам, Амели Пулен.
Овен, Лав, Стрелец
Преферирате интересни приказни во кои има бура од емоции и страст, како и самостојни и горделиви ликови чиј борбен дух може да ги помине сите препреки. Уживате во оние класични љубовни приказни- вистински романси.
Омилени филмови:
Гордост и предрасуди, Јади, моли се, уживај, Титаник, Ана Каренина, Мулен Руж.
Близнаци, Вага, Водолија
Вашата љубопитност и отвореност кон светот и луѓето ве прави голем љубител на приказни. Сакате да читате и да дискутирате за книгите и филмовите. Сакате драми кои ги обработуваат односите меѓу луѓето, како и интелигнетни комедии. Приказните едноставно ве опуштаат повеќе од сè друго.
Омилени филмови:
Четири венчавки и погреб, Доктор Живаго, Автостоперски водич низ галаксијата, Големиот Гетсби, Полноќ во Париз