Од Албанското кралство на дрогата се плаши и полицијата: Никогаш не смееле да му пријдат на селото, бидејќи тоа изгледа вака!

Албанското село Лазарат го носи уште и епитетот "фабрика за марихуана" со годишно производство на околу 900 тони канабис и годишен извоз на наркотици во пазарна вредност од 4.5 милијарди евра.


Лазарат, најпознатото нарко-село во Европа, моментано се наоѓа под опсада н полицијата, точно година дена после истото сценарио кое што се случи во ова место кое се наоѓа на југот во Албанија.

Се наоѓа во планински предел во близина на грчката граница и има околу 3.000 жители и ширум светот, a особено во Европа, е познато како "престолнина на канабис", т.е. марихуана.



Владата на Албанија минатата година, во истиот период, во месец јуни, се одлучи да се пресмета со производителите на канабис, само неколку дена откако ЕУ одлучи на Албанија да ѝ го додели статусот на кандидат. Полицијата тогаш за прв пат после 10 години влегла во Лазарат. Тогаш беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла и расади од оваа билка. Во текот на претресот биле откриени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакување и две за преработка на масло од хашиш.

Тогаш било пронајдено и големо количество на муниција и оружје од кое 17 парчиња тешко вооружување и две ловечки пушки. Биле претресени 130 куќи и голем простор во внатрешноста на селото и општинскиот имот каде што тогаш полициските сили воспоставиле контрола.



Исто како и на 19-ти август, пред минатогодишната рација, полицијата во споменатото село кое што е познато низ целиот свет по одгледувањето на канабис, беше дочекана со пукотници од буквално секаков вид на оружје.

Во соопштението на албанската полиција тогаш беше наведено дека специјалните сили биле дочекани од оган од тешко оружје, противтенковски ракети, митралези и минофрлачи. Повеќе од 800 полицајци учествувале во таа акција, а жителите го запалиле канабисот при што над селото се оформил густ облак од чад.



После завземањето на контрола над селото, полицијата уништила дрога во вредност од 37 милиони евра, колку што била проценета. Жителите на ова село дури офоримиле и сопствена "војска" бранејќи го своето место од полицијата која што сакала да им го уништи бизнисот.

Албанското село Лазарат го носи и епитетот "фабрика за марихуана" со годишно производство од околу 900 тони канабис и годишен извос на наркотици во пазарна вредност од 4.5 милијарди евра, што е половина од БДП-то на оваа балканска земја.





Лазарат, некогаш комунистичко село, сиромашно и без надеж за живот, после две децении се опоравило во секоја смисла на зборот и тоа само поради одгледувањето на канабис. После неколку години, нивниот пазар се проширил и тиe започнале да ја снабдуваат цела Европа со наркотици.

Жителите станале многу богати, возеле скапи автомобили, носеле брендирана облека... Секое семејство во селото се занимавало со одгледување на канабис и речиси секој човек имал некаква врска со наркотици.

Глетките кои што доаѓале од ова село ги привлекувале и останатите жители на Албанија, бидејќи нивниот стандард бил далеку над просекот во целата земја.



Килограм канабис сатива, билка од семејството канабис, купена на големо во ова село, чини просечно околу 350 евра за килограм, иако со дополнителни такси нарко-шверцерите ја продаваат по 500 евра за килограм на лице место.

Големите организирани групи, кои што располагаат и со чамци и камиони, ја шверцуваат таа дрога, најчесто по морски пат во Грција и Италија, каде што достига цена од околу 800 евра за килограм, за во просек во западните земји да се продава за пет евра за грам – што е речиси 5.000 евра за килограм.





Минатата деценија, околу Лазарат можеле да се видат плантажи и пасишта со наркотици, а овој систем на работење набрзо се проширил и низ останатите сиромашни места во Албанија.

Денес сите приоди до селото се под целосна контрола на полицијата. Албанската полиција вчера вечер ја прекина акцијата околу полноќ поради целосен мрак, а конечната пресметка со вооружената група се очекува денес.

Специјалците во леглото на нарко-мафијата: 14 Криминалци се веќе уапсени во Лазарат



Стотина албански полицајци изведоа операција во селото Лазарат во текот на која беа уапсени 14 лица од 21 осомничено за напад на полицијата, потврдил портпаролот на полицијата Арди Бита, пренесува AP.

Повеќе од десет лица обвинителството веќе сослуша во врска со пронаоѓањето на докази за пукотниците во кои што во средата беше убиен еден полицаец, а двајца беа ранети.

Припадниците на специјалните сили за борба против дрога RENEA и специјалните полициски сили, денес ја продолжија акцијата против шверцерите и одгледувачите на дрога во селото Лазарат, јави и албанскиот Top Channel.

Специјалните сили на терен од блиндирани возила врши претрес од куќа до куќа во потрага по оружје и лица кои што учествувале во вчерашните пукотници, помеѓу кои е и убиецот на припадниците на полицијата, Ибрахим Баша.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О