Филмови што се подобри од книгите на кои се базирани

Најчесто филмовите кои се базирани на книги не успеваат доволно добро да ја отсликаат приказната на филмското платно, па затоа владее мислењето дека најчесто книгите се подобри од екранизациите. Иако се малку, постојат исклучоци од ова тврдење - неколку примери кога филмот е направен подобро од изворниот материјал на кој е базиран.
„Forrest Gump“



Овој оскаровски филм е базиран на книгата од Винстон Грум, која беше објавена осум години пред да излезе филмот. Малкумина знаат дека всушност е базиран на книга, а причината за тоа е дека филмот стана попопуларен и се здоби со многу подобри критики од книгата. 

„The Godfather“



„The Godfather“ за многумина е најдобриот филм направен во историјата на оваа уметност. Филмот е базиран на успешната книга на Марио Пузо, со кого режисерот Френсис Форд Копола директно работел кога го правел филмот. Заедно ја подобриле приказната така што ги отстраниле непотребните делови и додале помоќен крај - што резултираше со подобар филм од изворната книга.

„The Shining“



Писателот Стивен Кинг повеќепати досега се изјаснил дека не му се допаѓаат промените што Стенли Кјубрик ги направил на неговата приказна, кога ја адаптирал книгата во филм со Џек Николсон во главната улога. Кјубрик отфрлил неколку делови кои сметал дека се непотребни и целосно го изменил крајот, а резултатот беше страшен хорор филм. Публиката и критичарите истиот повеќепати го прогласија за најдобра адаптација на хорор книга и денес важи за култен филм - нешто што потврдува дека филмот се смета за подобар од оригиналната книга. 

„Jaws“




Иако книгата Jaws беше успешна кога излезе, не може да се спореди со она што го постигна истоимениот филм. За адаптацијата беа отфрлени споредните романтични приказни, а фокусот беше насочен кон она што луѓето би го очекувале од ваков филм - страшна ајкула и луѓе што се обидуваат да ја убијат. Ова се покажа како успешен рецепт така што помина одлично во кино салите и кај критичарите, па дури 40 години по премиерата, филмот сè уште е популарен.

„Mean Girls“



Тина Феј ја добила идејата за филмот откако ја прочитала книгата Queen Bees and Wannabees, еден вид прирачник наменет за родители на тинејџерки. На одличен начин таа ја измени оваа делумно досадна книга и ја претвори во култна комедија, која и денес луѓето ја цитираат. 

„Brokeback Mountain“



Филмот „Brokeback Mountain“ е базиран на кратка приказна од Ени Пролкс. Дури и писателката била импресионирана од тоа како нејзината приказна била донесена на филм. Одличните изведби на Хит Леџер и Џејк Џиленхол придонесоа на овој филм, кој на големо ја надмина книгата на која е базиран.

„The Silence of the Lambs“



„The Silence of the Lambs“ е единствениот хорор филм што добил Оскар за најдобар филм, во историјата на оваа награда. Голем дел од заслугата за ова беше на Ентони Хопкинс и неговата беспрекорна изведба на Ханибал Лектор. Оваа улога му донесе Оскар и на него и тоа за најдобар актер. Хопкинс комплетно го оживеа ликот и му даде нова димензија - нешто што не може да се реализира со таа јаснотија во книга.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О