Претседателот на Коринтијанс: Секој ден се молиме Пато да го напушти нашиот клуб

Од таборот на Коринтијанс признаа дека погрешиле кога го ангажирале Пато од Милан. Сега управата на овој клуб сака што побрзо да се ослободи од напаѓачот.

Враќањето на Александре Пато во Европа е сè поизвесно. Не толку поради фактот дека Пато ги импресионирал европските клубови, туку поради тоа што управата на Коринтијанс сака по секоја цена да се ослободи од него.

Пато пред една и пол година пристигна во Коринтијанс како големо засилување од Милан за 15 милиони евра, но сепак не ги оправда очекувањата, па набрзо беше испратен на позајмица во екипата на Сао Пауло каде што исто така потфрли.



„Жал ми е што го доведовме, но вината за неуспехот е целосно негова. Сите знаат дека секој ден се молиме на Господ да си оди од Коринтијанс и да извлечеме колку-толку пари од тоа што сме вложиле во него. Дури и во Сао Пауло играше под просек“, изјави претседателот на Коринтијанс, Роберто Де Андраде.

Најверојатно ќе се исполнат желбите на претседателот на Коринтијанс уште ова лето со оглед на тоа што од германскиот бундеслигаш Хофенхајм веќе испратиле официјална понуда, а исто така за поранешниот напаѓач на Милан постои интерес и од Лацио.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О