Тажната исповед на малиот Урош Илиќ: "На Стефан му подадов стап, да го спасам, но се плашев дека и јас ќе паднам во водата!"

- Тогаш дошол на идеја да ја измисли приказната за киднапирањето бидејќи се плашел што ќе му каже таткото. Кој би се грижел кога тоа јагне би се удавило, само нашиот Стефан да останеше жив, расплакано објаснила мајката Гордана Илиќ.

Дека детската фантазија може да биде без граници, потврди и малиот Урош кој дури откако неговиот брат Стефан (12) беше пронајден мртов, призна дека целата приказна за киднапирањето е сепак измислена. Вистината излезе на површина, меѓутоа, таа сепак не можеше да ја промени вистината за смртта на младото момче.


Единствено само јавноста се смири откако дозна дека сепак не се работи за никакво киднапирање, туку момент на невнимание. Додека тие ги чувале овците, едно јагне избегало и паднало во реката Караш. Стефан се исплашил да не се удави и се обидел да го извлече, а потоа и самиот се лизнал и паднал во реката. Јагнето успеал да го извлече, но себе си не успеал да се спаси.

Како што пишуваат "Вечерње новости", вака низ солзи мајката на удавениот Стефан, Гордана Илиќ, ја прераскажала верзијата на трагедијата во која што настрадал нејзиниот дванаесетгодишен син Стефан.


- Урош вели дека сакал да му помогне. Му пружил некаков стап, но немал доволно сила за да го извлече. На крај го пуштил стапот кога видел дека и тој можел да падне во водата и да настрада, рекла Гордана.

Според последната верзија од приказната на Урош, кога тој тргнал дома од местото на несреќата, навистина го видел тој автомобил и тие луѓе, кои што дошле да ловат риба.

- Тогаш дошол до идеја да ја измисли целата приказна за киднапирањето. Вели дека се плашел што ќе му каже татко му. Но, кој би се грижел за тоа јагне кога би се удавило, само нашиот Стефан да останеше жив, раслплакано додала таа.

На прашањето дали е Стевица навистина многу строг татко, таа рекла дека е, но дека никогаш не ги тепал.

- Ние сме заедно 20 години, но не сме венчани. Затоа сите деца го носат моето презиме. Сите деца мора да го слушаат нивниот татко, додека јас знам да бидам и попустлива, вели Гордана.


Урош во вторникот за цело време трчкал окол дворот, играјќи со помладиот брат и соседите. Кога го прашале што се случило во полиција, кога признал дека излажал, само мрднал со рамената.

- Не сакам да зборувам за тоа, кажал тој, после што си легнал во својот кревет со главата завртена кон ѕидот.

Гордана раскажува дека после ова им ветиле дека нема да им ги одземат децата и дека Урош нема да оди во дом.

- Се надевам дека така и ќе биде, бидејќи сме многу приврзани за децата, а и тие за нас, особено најмладите две. Ни сме пријавени во центарот за социјална работа во Алибунар, а сега ни треба согласност од нашиот газда за да се префрлиме во Бела Црква, бидејќи планираме во ова село да купиме некаква куќа со помош на моите роднини, и таму да живееме. Мојот татко предложи Стефан да го погребаме во Бела Црква, каде што живее тој, но јас не се согласив за такво нешто, бидејќи сакам секој ден да одам на гробот на својот син, низ солзи раскажала Гордана.

Таа раскажала и дека живеат во многу тешки услови, бидејќи од социјално добиваат 14.500 динари, детскиот додаток им е 10.500 а за чувањето на овците добиваат 15.000 месечно.


- Сиромашни сме, но никогаш не сум се пожалила, ниту сум барала помош. Се обидуваме да живееме нормално со онолку колку што имаме, но неопходна ми е машина за перење алишта, бидејќи и во зима и во лето перам на раце. Потребен ни е фрижидер бидејќи и таа малку храна што ја имаме, мора да ја носиме кај соседите или ни пропаѓа. Би било добро кога би имале и бања, бидејќи сите деца ги капеме во едно мало корито, а водата ја подгревам на шпорет, се пожалила Гордана.

За "Вечерње новости" е потврдено дека за семејството на Стефан Илиќ, иако досега не биле пријавени кај нив, во иднина ќе се грижи Центарот за социјална работа во Бела Црква, во чија што општина живеат тие.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О