“Доколку отворите оган, ќе ве убиеме сите”: Специјалците во Лазарат од куќа до куќа го бараат убиецот на полицаецот!

"Доколку повторно отворите оган, ќе ве убиеме сите", им се заканиле албанските специјалци на вооружените напаѓачи кои вчера пукале во нивната патрола.


Припадниците на специјалните сили за борба против дрогата - "RENEA", и специјалните полициски сили, рано утрово продолжиле со акцијата против дилерите во селото Лазарат, одлучни да ги пронајдат криминалците кои вчера убиле еден специјалец и раниле двајца, јавува албански Top-canel.

Силите на теренот со блиндирани возила го започнале претресот од куќа до куќа, во потрага по оружјето и лицата кои учествувале во вчерашната размена на оган, а особено по убиецот на полицаецот Ибрахим Баша. Деталниот претрес на куќите продолжува со зголемена внимателност. Полицијата побарала осомничените да се предадат и најавила дека во случај на вооружена реакција, ќе бидат уништени.



Ова предупредување имало ефект, бидејќи еден дел од осомничените биле уапсени, или се предале самите на контролните пунктови кои биле поставени околу селото. Досега биле уапсени или се предале вкупно 12 лица.



Утрово на терен излегла и група вештаци од обвинителството за тешки злосторства, предводена од обвинителот Аднан Џоли, под заштита на припадниците на "RENEA". Евидентирани биле 10 извори на оган, од кои биле истрелани повеќе од 100 куршуми, калашников и митралез, една рачна бомба и еден нож.

Во Лазарат, село на југот на Албанија, жителите одгледуваат марихуана. За време на минатогодишната акција во тоа село, наречена "Фабрика за марихуана", биле уништени 23 тони канабис, односно околу 81.300 стебла од ова растение.





Тогаш биле пронајдени и големи количини на муниција и оружје. Пребарани биле околу 130 куќи во селото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О