Неколку бошњачки НВО бараат делови од територијата на Србија и Црна Гора да се формира посебен прекуграничен регион, а повеќе илјади луѓе веќе за само неколку часа потпишале петиција со која од владите на овие земји се бара дозвола за формирање на оваа, како што велат тие, економско санџачка регија.
Зад оваа петиција стои група од бошњачки невладини организации, а според нивната идеја овој регион ги опфаќа градовите Нови Пазар, Тутин, Нова Варош, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Рожаје, Пљевља, Бјело Поље, Беране и Плав.
- Мислам дека тука не се работи само за економска соработка, туку некој веќе се обидува да доие поени во рамките на бошњачкото политичко тело, вели тој.
Еден од иницијаторите на овој проект Заим Челебиќ вели за порталот "Рожаје фри прес" дека дека формирањето на овој регион придонел кон формирање на поволен деловен амбиент и би се отвориле можности за директни апликации кон фондовите на ЕУ.