Според годишниот извештај на американското Министерство за одбрана, "Кина не е светска воена сила, ниту има аспирации за да прерасне во нешто такво".
Меѓутоа, во продолжението на извештајот пишува и дека "тоа не значи дека Кина не претставува закана по Соединетите Американски Држави".
Поводот за составување на детален извештај за кинеските воени капацитети е недамнешниот конфликт помеѓу овие две земји во водите на Јужнокинеското море, каде Американците "ги бранат интересите на своите сојузници од кинеската агресија".
Она што се наведува како најголем недостаток кај кинеската армија е недостатокот од експерти, како и борбено искуство, со оглед на фактот дека Кина веќе долго време не војувала со ниту една држава.
Како друга важна ставка, што се однесува до модерното кинеско вооружување, во извештајот се наведува дека се работи за "дизајни на американски и други воени индустрии кои што ги украле кинеските хакери".

Она што е најважно во разликата помеѓу Кина и САД е тоа што Кина нема аспирации да се бори надвор од своите граници, додека Американците војуваат ширум планетата веќе со децении. Кина ја интересира исклучиво она што се случува во внатрешноста на нејзините граници.
Најголемо влијание врз развојот на кинеската војска и системите за одбрана имала бруталната окупација на Јапонците во текот на триесетите и четириесетите години од минатиот век, кои што ја навеле Кина буквално од корен да ја промени својата воена политика.
После Втората светска војна, Кина се сконцентрирала на развивање на одбрамбени механизми кои во потполност би го пресекле секој обид за воена инвазија.

Доктрината "активна одбрана", која што ја усвоила кинеската војска, претставува метод на маневри кој што центарот на борбата го одвлекува од срцето на државата на нејзините граници, каде се распоредуваат најголемиот број на војниците и се формира еден вид на одбрамбен прстен.
"Напаѓаме единствено во случај ако некој претходно нè нападне нас", е мотото на кинеската морнарица.
Извештајот од американското Министерство за одбрана во својот втор дел го споредува вооружувањето кое што го поседуваат САД и Кина, при што патриотски укажува на тоа колку се САД подобро вооружени и посилни од Кина. Почнувајќи од авионите, до морнарицата, константно ставајќи го акцентот на тоа дека кинеското оружје е со краток домет.

"Колку повеќе се оддалечени од кинеското тло, толку повеќе се беспомошни:, се наведува во еден од пасусите од извештајот.
Иако некому можеби на прв поглед ваквата детална анализа за кинеските воени моќи од страна на американското министерство би делувала како претерана, тоа сепак не е така.
Соединетите Американски Држави и тоа како имаат многу потенцијални конфликтни ситуации во кои токму на местото на нивен соперник би можела да се најде Кина.
Прв е веќе споменатиот проблем во Јужнокинеското море, каде во последните неколку месеци веќе имавме можност да видиме неколку одмерувања на силите помеѓу кинеските борбени авиони и американските бродови.
Права на островите во Јужнокорејското море, покрај Кина, поставуваат и Тајван, Филипини, Брунеи, Малезија, Виетнам и Јапонија. Чисто да се разбереме, не се островите тие кои што се толку многу важни, туку огромните резерви од нафта и гас кои што почиваат под нив.

Второ потенцијално жариште би можел да биде Тајван, кој веќе со години тежнее кон независност и отцепување, кое САД во потполно го поддржува. Кина од друга страна пак, најави дека ќе го нападне Тајван во случај на обид за отцепување.
Имајќи предвид дека САД е во воен сојуз со Тајван, Јапонија и Филипини, кои ѝ се противници на Кина, потенцијалниот воен конфликт можеби и не е толку нереален како што се чини дека е.