Што интересно можете да правите овој викенд?

Топлите летни денови се веќе тука, па забавните викенд патувања и авантури се зачестуваат. Доколку немате идеја што да правите следниот викенд, погледнете ги следниве предлози и решете кој од нив најмногу одговара на вашите интереси.



Планинарење

Планинарењето е одлична викенд активност за сите што се спортски расположени и сакаат да избегаат од загадениот градски воздух. Ако сте заинтересирани за искачување на некој повисок планински врв, обратете се во едно од овие планинарски друштва каде можете да се информирате за организирани групни тури. Доколку патувањето е подолго, можете по искачувањето ноќта да ја поминете во најблискиот планинарски центар или преноќиште. Најдете информации за сите планинарски домови и центри тука и организирајте ја вашата тура.


Нуркање
Нуркањето е навистина интересна идеја за сите кои се авантуристи и сакаат да ги откриваат подводните простори. Постојат неколку нуркачки центри во Македонија кои можете да ги најдете на следниот линк и да им се обратите доколку сте заинтересирани за обуки за нуркање или за подводна авантура. За посета на нуркачкиот центар во Охрид, превоз можете да најдете на следниот линк, додека пак тука можете да најдете информации за престој во апартмани и приватни соби или пак информации за хотели и мотели.


Тури со велосипед

Бидејќи популарноста на велосипедизмот постојано расте, велосипедот станува омиленото и најпрактично превозно средство за летниот период. На овој линк можете да ги најдете сите продавници за велосипеди и ако сè уште не сте купиле велосипед, да си одберете модел по ваш вкус. Откако ќе си обезбедите велосипед, можете да се обратите на еден од овие велосипедски клубови и да ја организирате вашата следна друштвена, велосипедска тура до некоја подалечна локација. Доколку патувањето е подолго и трае неколку дена, обезбедете си престој во некој хотел, мотел илипреноќиште (конак).


Падобранство и параглајдерство

Ако сè ова не е доволно за вашиот авантуристички дух и желба за нови искуства, тогаш постои совршен адреналински предлог за вас - падобранство ипараглајдерство. Најдете ги клубовите за падобранство и параглајдерство и конечно искусете нешто неспоредливо и уникатно од кое ќе ви се размрда крвта.


Посета на цркви и манастири

Во Македонија има бројни цркви и манастири кои се одлична викенд дестинација за сите кои се љубители на културното и историско наследство . Најдете ги сите црквитука и сите манастири тука и одлучете се кои од нив би сакале да ги посетите. Друга интересна идеја е да изнајмите автомобил или комбе преку една од овие агенции, да ги означите на мапа локалитетите и да се обидете да посетите што повеќе во еден викенд.


Посета на археолошки наоѓалишта

Кај нас има неколку археолошки наоѓалишта кои се интересни историски локалитети и вредат да се посетат. Најдете ги сите археолошки наоѓалишта тука и одлучете се кое од нив би ве интересирало да го посетите. Бидејќи археолошките наоѓалишта се оддалечени едно од друго, добра идеја е да изнајмите автомобил тука или пак да најдете организиран превоз од тука.


Без разлика која е вашата одлука за следното викенд доживување, потрудете се да искористите некоја од предложените активности, да се надишете чист воздух и да побегнете од бурниот градски живот и метеж.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О