Бенет е познат по работата на The Voice, Survivor, Shark Tank, Sarah Palin’s Alaska меѓу другите реални шоуа, а сега на ум има да даде поглед во животот на светските лидери, а прв на листата е Владимир Путин. Доколку почне да се реализира идејата, следна личност е Фидел Кастро.
Продуцентот нагласува дека сака шоуто да се фокусира на личностите, природата и животните во нацијата, наместо на армиите и политиката во државата која ја водат.
Идејата е интересна бидејќи Путин, покрај тоа што е лидер на една од најмоќните држави во светот, е интригантна личност со бројни интереси и хобија што секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста. Останува да видиме дали Путин ќе ја прифати идејата.