Како што пренесуваат шпанските медиуми, тренерот на Барселона, Луис Енрике за идната сезона нема да смета на услугите на Мартин Монтоја, Алекс Сонг и Адриано, а на споменатите фудбалери им било соопштено да бараат нов клуб.
Монтоја игра на десната страна во одбраната каде што Барселона веќе се засили со Алеикс Видал од Севиља. Од истиот клуб на „Камп Ноу“ би требало да пристигне и Висенте Ибора, па така „вишок“ ќе стане Алекс Сонг. Камерунецот пристигна во Барселона од Арсенал, но не ги исполни очекувањата и за три сезони не успеа ниту да се наметне во првиот тим на каталонскиот гигант.
Каталонците исто така одлуиле дека нема да им биде потребен ниту Адриано со оглед на тоа што на левата бековска позиција е стандардниот Жорди Алба, а на истата позиција може да игра и Матиу.
Шпанските медиуми ги објавија износите кои Барселона ги одредила за „отпишаното трио“. Каталонците најмногу бараат за Алекс Сонг - 15 милиони евра, Монтоја е проценет на 10 милиони евра, додека пак за услугите на Адриано Барселона бара 8 милиони евра.