Јахтата, родена во студиото „Добросердов дизајн“, ќе биде долга 145 метри, а ќе има и клуб за забава и спа центар на две нивоа.
Тој дел ќе опфати затворен и отворен базен, лежалки и бар, како и две кино сали на горното ниво, неколку теретани и една гаража.
Луксузно уредениот внатрешен простор опфаќа и спирални скали со рамка од стакло и прозорци од плод до плафон. Очигледно е дека нема да се штеди на луксузот.
Изградбата на јахтата е во тек, а „Italian Sea Group” вели дека нејзината цена ќе биде достапна на барање.
„Поради својот дизајн и распоред, ’Admiral X-force 145’ е една од најимпресивните и највпечатливи јахти во својата категорија и отвара нови перспективи во светот на јахтите“, се наведува во соопштението на „Italian Sea Group”, пишува Daily Mail.