Самсунг го претстави најголемиот телевизор што некогаш е произведен

Технолошкиот гигант го претстави најголемиот куќен телевизор што некогаш е произведен, со дијагонала на екранот од 280 сантиметри. Во продажба ќе се најде од следната пролет.
Станува збор за нова генерација големи телевизори со екрани со ултра висока резолуција, која ветува неверојатна јасност на сликата. Уредот е претставен на саемот ИФА во Берлин, а има четири пати повеќе пиксели отколку актуелните „HD“ уреди.

Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе се одржи следната година, ќе биде првото случување што ќе се емитува во таква резолуција, и тоа на гледачите во Јапонија.
Електронскиот експерт, Бери Фокс, вели дека сликата од новиот уред е импресивна и дека нуди подобро искуство отколку 3Д.

„Сликите се неверојатни, исто како да гледате низ прозорец“, рекол Бери.

Покрај гигантскиот телевизор, Самсунг го претстави и уредот кој овозможува двајца истовремено да гледаат различни програми.

„TV S9C“, со дијагонала на екран од 140 сантиметри, ја содржи функцијата „MultiView“, која со помош на посебни очила, овозможува гледање на две различни програми на истиот екран, во „HD“ или 3Д формат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О