Зошто ова бебе се наоѓа во оваа бизарна направа? Верувајте, сосема е нормално!

Има ли нешто послатко од бебе со румени и дебелки обравчиња? Да, има - мало бебе со румени и дебелки обравчиња во оваа бизарна рендген машина.

Оваа фотографија, која не е направена на фотошоп, била објавена на Reddit на почетокот на оваа недела, и брзо се проширила на социјалните мрежи. Првото прашање кое се поставува, а кое сигурно си го поставувате и вие, е што ли се случува на оваа фотографија, и дали е бебето безбедно?

Како што било објаснето подоцна, ова бебе се наоѓа во таканаречена "Pigg-O-Stat" направа, која безбедно го држи бебето на едно место за време на рендгенските снимки. Оваа направа на болничарите им овозможува да ја добијат сликата која им е потребна веднаш, наместо да го изложуваат бебето на радијацијата поради бројните обиди.



Сигурно не знаете, но "Pigg-O-Stat" е направа која се користи уште од 1960. година. Некои од “коментаторите” на оваа фотографија на мрежата "Imgur", потврдиле дека и нивните деца биле ставени во слични направа, и дека се шокирани од фактот што бебето на фотографијата изгледа толку "кул" и смирено за време на процесот. Еден од корисниците напишал: "Мојата ќерка "полуде" кога требаше да прави рендгенски снимки во едно од овие. Не сум ја слушнал толку да плаче".

Иако резултатите од снимките не се објавени, искрено се надеваме дека ова мало слатко бебе со дебелки и румени обравчиња се чувствува добро, и дека за некоја година ќе сфати дека имало свои "пет минути" од интернет славата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О