Продуцентска екипа од популарната серија „Игра на тронови“ моментално се наоѓа во Македонија барајќи локации за снимање.
Најверојатно ќе се снима во Охрид, Прилеп и Криволак. Локацијата кај Маркови Кули ќе биде користена за последните сцени од серијалот.
Дел од екипата веќе добро поминала на локациите во Хрватска, но им требале сцени снимени со крајолик и клима како Охрид и Прилеп.
Одлука ќе се носи на крајот од септември, а ќе се снима во март и април другата година.