Големиот Koenigsegg One:1 успеа да го сруши постоечкиот рекорд за забрзување и сопирање...
Управуван од страна на Роберт Сервански, супер автомобилот беше тестиран на Koenigsegg патеката во Шведска. Додека нашите автомобили забрзуваат до 100 km/h за нешто повеќе од 10 секунди, Koenigsegg One:1 за 11.9 секунди достигнува брзина од 300 km/h.
Сопирањето од 300 до 0 km/h трае само 6.03 секунди, со што севкупно на автомобилот му беа потребни 17.95 секунди. Она што е уште поимпресивно е тоа што Роберт при тестирањето ни за момент не го држи управувачот.
Од компанијата изјавија дека моделот кој е тестиран е за 50 kg потежок од стандардниот автомобил, со што се очекува уште едно рушење на рекордот за кратко.