Енергетски пијалаци и брза храна: Бодибилдер јадел по 10.000 калории дневно, па починал од рак на црниот дроб

39-годишниот Британец, Дин Вормби, поранешен бодибилдер и личен тренер, дневно јадел и пиел брза храна и енергетски пијалаци во вредност од 10.000 калории, што е од прилика пет пати повеќе од тоа што му е потребно на еден просечен маж. Починал од рак на црниот дроб.

Неговата девојка Шарлот Ригби, со која имал ќерка, била покрај него во болница се додека не починал од агресивниот тумор на црниот дроб, откриен кон крајот на минатата година.


Туморот бил преголем за операција, па Вормби слабеел сè повеќе. Пред смртта бил непрепознатлив, а од големите мускули останала само кожата.

Додека бил во најдобра форма, дневно јадел големи количини на пици, хамбургери, сендвичи со сланина...Пиел по седум лименки енергетски пијалаци.


По дијагнозата рекол дека обидот да создаде идеално тело со таква исхрана, е веројатно виновникот за неговата тешка болест.

Открил дека лекарите му понудиле хемотерапија, но и дека веднаш го предупредиле дека тоа нема да му биде од корист.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О