Сообраќајна несреќа во Русија ќе направи да го изгубите здивот

Возач на камион полн со зеленчук изгубил контрола над своето возило откако една од неговите предни гуми пукнала. Возилото се превртело настрана и лизгало по мост во Сибир, во близина на градот Иркутск.


Видеото е направено од камерата на шофершајбната на автомобилот кој возел позади камионот. Во Русија е задолжително да се има вградено камера во секое возило, со цел да се утврди виновникот во случај на несреќа.


На снимката се прикажани моментите во кои една од патниците во автомобилот вреска од страв, молејќи го возачот да вози во рикверц, како што камионот се приближува кон нив.

За среќа, огромниот камион запира само метри од автомобилот, и никој не е повреден.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О