(АУДИО) Имот на Водно вреден 17 милиони евра и осветата кон Фијат Цаноски

Прес конференција од презентираните аудио докази којашто ја одржа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Целокупната јавност во земјава, во Европа, па и пошироко, ја следи актуелната состојба во Република Македонија, сите случувања и сите докази што откриваат огромни и незапаметени злоупотреби од страна на една власт, како што тоа го правела во случајов, власта на Никола Груевски.


Стана јасно кои се виновниците за деветгодишното чмаење на државата – дека Македонија и нејзините граѓани се заложници на тесна група, којашто владее за личен интерес, на Груевски и неговата криминална дружина.

Да се случеше ова во која било друга земја, макар и со минимум демократија, комплетната власт ќе си дадеше оставка, ќе се извинеше на граѓаните и ќе се повлечеше од политичкиот живот.

Но тоа можат да го сторат само доблесни луѓе,  кои имаат минимум совест и морал.

Груевски не само што не е таков човек, туку тој, за да ја спаси сопствената кожа, како што може да се увериме, продолжува најдрско да лаже, да манипулира, па дури се осмелува да се заканува.

Тој најде да зборува за повикување на одговорност и да се заканува?!

Тој Груевски кој со неговите неколкумина соработници, здружено, исклучиво за лични цели и интереси, кршел Устав, закон, се изживувал врз луѓе и судбини…

Сега врти низ Македонија играјки на две карти, со молби: “не сум јас таков, стекнав искуство, дајте нова шанса“ и со закани, ако ова, за што моли, не му биде прифатено. А не му поминуваат заканите и самиот знае.

Не сака да разбере Груевски дека нема повеќе ни верба ни доверба народот во него, поради `се што им правел на  граѓаните на Македонија и на уште над 450.000 луѓе, кои поради неговите политики и злоби, морале да си ја напуштат родната грутка. Му остана само изнудената поддршка од оние кои зависат за парче леб и оние кои имаат финансиски интерес од неговото опстојување.



Ние ветивме дека на Никола Груевски повеќе нема да му дозволиме ниту да го лаже народот, ниту да манипулира со граѓаните, ниту да краде, дека ќе го разголиме во целост неговото вистинско, сурово и криминално однесување.

Ќе слушнете денеска конкретно како Груевски лаже, за скандалите што се обиде да ги негира.

Еве во ова соопштение, зад коешто се сокри Груевски од граѓаните, тој се осмели да “демантира“ дека немал градежни плацеви и имот за коишто граѓаните не знаеле.

Денеска ќе објавиме разговори коишто откриваат како Груевски го демантира Груевски.

Сите 6 аудио снимки во продолжение, се помеѓу Никола Груевски и неговиот извршител Миле Јанакиески.

Во нив, Груевски лично, прецизно, договара со Јанакиески каде и колкава ќе биде парцелата на Водно, на име на фирмата од Белизе, каде што управител е неговиот кум – за којашто бара: “да се прошири нагоре“, се интересира за “највисоката точка“, сака никој да нема “над него“, бара “пат“ што води до оваа парцела, тргува со плацеви, блиску до куќата на Тодоровиќ на Водно, како му е важно и `се да се среди “до април“, итн…

Слушнете.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О