Руските фотографи Вадим Махора и Виталиј Раскаловим добија многу медиумско внимание откако ги објавија своите илегално направени фотографии од пирамидите во Гиза.
Со години, двајцата фотографи го ризикувале својот живот на застрашувачки висини, како и своите полициски досиеја, за да ги фотографираат највисоките и најпознатите згради во светот. Подоцна ги поставуваат фотографиите на својот веб-сајт, On the Roofs.
Сликите го одземаат здивот и прикажуваат глетки од овие познати дестинации кои можеби никогаш не би ги виделе, но нивната работа сепак повлекува контроверзија. Од оваа причина ги советуваат другите да не тргнат по нивните стапки.
Од качувањето на највисокиот облакодер во Кина, до опфаќањето на сликите од Светото семејство на Гауди во Барселона, еве неколку од највпечатливите и најризичните фотографии.
Руските фотографи се прославија со илегалните фотографии од Големата пирамида во Гиза, Египет.
За да ја направат снимката, двајцата фотографи се криеле од чуварите четири часа пред да заврши времето за посети за да ја искачат пирамидата, акт кој се казнува со 3 години затвор ако сторителот е фатен на дело.
Но, тие продолжиле да се искачуваат на покривите на туристички атракции, како Келнската катедрала, седиштето на надбискупот на Кeлн, место прогласено за културно наследство од УНЕСКО.
Откако побегнале низ толпата туристи навечер, двајцата се прикрале во катедралата и се искачиле на врвот со ништо друго освен челични сајли.
Овој фотографски пар исто така се искачи на 650 метри високата Шангајска кула, еден од највисоките облакодери во Кина. Три лифтови ги искачуваат посетителите до платформата за разгледување, но фотографите решиле да се искачат преку градежните скелиња кои биле поставени во тоа време.
Оваа „акробатска точка“ им одзела 20 часа – влегле во кулата ноќе, се искачиле по скелињата на паузата за ручек, и чекале за перфектната светлина за да ги фотографираат прекрасните глетки.
Се имаат искачувано дури и на билборди, со цел да го опфатат хоризонтот на Шангај и неговите многубројни облакодери.
Биле и во Саграда Фамилија, познатата катедрала на архитектот Антонио Гауди во Барселона. Искачувајќи се на врвот, можеле да опфатат прекрасен пејсаж од самата структура и градот.
Фотографите се искачиле по скелиња во близина на катедралата, искачувајќи се на околу 50 метри над самата зграда. Успеале да направат фотографии од прекрасната катедрала од досега невидени агли.
Качувајќи се на покриви во близина, ја виделе Ајфеловата кула во светло кое само малкумина можат да го видат.
Качувањето на Ајфеловата кула е секојдневна туристичка активност, но овие „неранимајковци“ направиле еден чекор повеќе, качувајќи се по неа со сопствените раце и нозе.
Се качиле и од надворешната страна на катедралата Нотр Дам во Париз, сакајќи да ја доловат „блиската средба“ со статуите на оваа зграда.
Кога се искачиле на фасадата на катедралата Свети Вит, најголемиот храм во Прага, каде се случувале религиозните служби и крунисувањата на чешките кралови и кралици, ги видел шокиран полицаец кого го убедиле да ги пушти.
Акаши Каикио мостот во Осака, Јапонија, е најдолгиот висечки мост на светот, и еден од највисоките, со сајли кои се истегнуваат 298 метри во висина. Мостот е достапен за туристи, но двајцата фотографи чекале да падне ноќ за да се искачат на врвот самите, одејќи по каблите за да ја уловат оваа снимка.
Базиликата Свето срце на Монмартр се смета за еден од најиконичните споменици во Париз, со тераса на висина од 400 метри, од која може да се види прекрасна панорама на францускиот главен град. Но, наместо официјалната точка за набљудување, двајцата Руси се искачиле на покривот за да ги фатат сите детали.
Искачувајќи се на покрив од другата страна на реката, ја фотографирале Градската сала на Стокхолм, една од најпознатите згради во Шведска. Во оваа зграда се случува и прославата на доделувањето на Нобеловите награди.
За да ја направат оваа слика од Палатата на културата и уметноста, најголемата зграда во Полска, која е дом на кина, базени, музеи, библиотеки, театри и концертни сали во Варшава, двајцата се искачиле на врвот на зграда во близина која сé уште била во изградба.
Овде се на врвот на Пинг Ан финансискиот центар во Шензен, Кина, која треба да биде втората највисока зграда во светот после Бурџ Калифа во Дубаи. Зградата не е изградена до крај.
Посетиле и индустриски центри и подземни тунели како системот за управување на стокхолмската подземна железница. Превземаат голем ризик за да направат фотографии како оваа.