Доколку Грција банкротира по основа на долг, тоа ќе биде најголем државен банкрот во историјата, оценува порталот CNN Money.
Ова не е прв пат Грција да е на работ на банкрот, бидејќи веќе еднаш го соборила рекордот кога во технички банкрот во 2012-тата година реструктурирала долг од 138 милијарди долари. Тогаш ѝ помогнале останатите членки од еврозоната, за што, како што оценува порталот, овој пат шансите се мали.
Техничкиот банкрот на Грција до 2012-тата година, како што оценува CNN, го засенил банкротот на Аргентина од 2001-та година, кога таа латиноамериканска држава банкротирала по основа на долг од 95 милијарди долари. Иако постојат одредени сличност меѓу овие две држави, експертите предупредуваат дека потенцијалниот банкрот на Грција би можел да има многу поголеми последници, наведува CNN.
Грција нема да заврши во банкрот оној момент кога нема да уплати пари во ММФ, бидејќи таа институција по пропуштените уплати обично дава рок од еден месец пред службено да објави банкрот на должникот. Сепак, меѓународниот пазар од 1-ви јули, односно од утре, веројатно ќе гледа на Атина како да е банкротирана.
Што и да се случи во Грција, процесот на застанување на нозе ќе биде многу долг. Аргентина, како што наведува CNN, сè уште е во банкрот, а клучната разлика е во тоа што долгот на Грција е четири пати поголем од тој на Аргентина, додека економијата на Грција е речиси двојно помала од таа на латиноамериканската држава.

Иако банкротот во Грција би можел да биде најголем во историјата кога станува збор за државите, американската банка "Lehman Brothers" во 2008-та година банкротирала со 600 милијарди долари долг. Износот на долгот на Грција ќе биде помал, и нема да има толку големо влијание на финансискиот систем како што тоа било случај со "Lehman Brothers", но сепак ќе има негативно влијание над населението.
CNN споменал некои од најлошите банкроти од 2000-тата година, а на прво место е банкротот на Грција од март 2012-тата година, додека на второ е банкротот на Аргентина од 2001-та година.
CNN споменал некои од најлошите банкроти од 2000-тата година, а на прво место е банкротот на Грција од март 2012-тата година, додека на второ е банкротот на Аргентина од 2001-та година.