Грција: Дневно 50.000 откази на туристички резервации

Грчките медиуми ги опишуваат како „драматични“ последиците по економијата и ограничувањето со располагањето на пари воведено во понеделникот за да се сопре масовно повлекување, поради страв од банкрот на државата.


Здружението на туристички компании од Грција соопшти дека до неговите членки од понеделникот, дневно пристигнуваат 50.000 откази на резервации.

Бидејќи станува збор за резервации „во последен час“ кои чинат 20 отсто од вкупните годишни резервации, тоа претставува голем удар за туризмот во Грција, пренесува атински Radio SKAI.

Здружението на извозници од Грција процени дека загубата на неговите членки изнесува 80 милиони евра неделно, дека оваа и наредната недела извозот ќе опадне за седум отсто, а увозот за 28 отсто.

Од изутринава пензионерите повторно се во долги редови пред 1.000 експозитури на банките каде на шалтерите може да подигнат до 120 евра од своите пензии кои не им се уредно исплатени за јуни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О