Постојат различни начини да го заштитите вашиот автомобил од крадци, но еден сопственик на Volkswagen Transporter отишол чекор подалеку за да го заштити комбето, камуфлирајќи го во старо и ’рѓосано возило.
Потфатот бил направен во Clyde’s Wraps, компанија во Глазгов, при што целото возило било маскирано како старо, пишува Bored Panda.
„По три дена возење полицајци го запреа возачот на комбето за да прашаат што е целата работа со ’рѓосаното возило. Треба да знаете дена нема ништо илегално во тоа да го прекриете возилото на ваков начин, но истото може да ги збуни останатите“, стои на интернет страната на Clyde’s Wraps.
Во секој случај, ова е уште еден креативен начин да се измамат крадците.