"Косоварите се терористи и убијци": Изјавата која го запалила Бундестагот и ја шокирала Германија!

"Целата влада е составена од припадници на поранешната ОВК. Во сенката на германскиот тенк, оваа обновена терористичка организација ги покрива со терор и соседните земји, како што е Македонија!", рекла германската пратеничка и добила огромен аплауз, пренесува "Telegraf.rs"

Еден говор во Бундестагот ја запалил Германија, ја шокирал Ангела Меркел и предизвикал бурни овации, а во него пратеничката од турско потекло од партијата на крајната левица "Die Linke", Севим Дагделен, изнела тешки обвиненија на сметка на властите на Косово и ОВК.



Германската пратеничка, зборувајќи на 19-ти јуни на седница во Бундестагот, за барањето на германската влада и НАТО, за германскиот контингент КФОР на Косово да се одобрат нови 45 милиони евра, рекла дека Бундесверот на Косово е присутен 16 години, а ниедна од целите не била остварена, пренесува Telegraf.rs.



"Целата влада на Косово е составена од припадници на поранешната ОВК. Во сенката на германскиот тенк, оваа обновена терористичка организација ги покрива со терор и соседните земји, како што е Македонија! Припадниците на ОВК кои неодамна загинаа во Македонија, на Косово биле погребани како херои, на гробиштата на мачениците, во присуство на високи функционери", рекла пратеничката Дагделен и истакнала дека Косово станало регион во Европа од каде одат најмногу борци во таканаречената Исламска држава.



"Се регрутираат пред очите на НАТО и војската која ја пративме таму. Мислам дека Германија не може да продолжи со поддршка на големоалбанскиот национализам, ОВК и терористичките центри кои на Косово, во регионот и на Блискиот исток шират насилство и терор. Косово стана арсенал во Европа, таму системот е длабоко корумпиран, а стотици илјади Срби, Роми и други малцинства морале да го напуштат регионот", истакнала пратеничката Севим Дагделен.

Таа потсетила и на изјавата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, дека бомбардирањето на Југославија било незаконско.



"Јас ве прашувам кои заклучоци ги извлековте вие од оваа изјава. Бундесверот е на Косово како резултат од кршење на меѓународното право, а политиката на Германија таму никогаш не била неутрална. Не ни се потребни германски војници на Балканот, кои ќе го штитат кршењето на меѓународното право, потребно ни е враќање на меѓународното право, бидејќи само тоа може да биде основа за мирен соживот во Европа", рекла Дагделен и додала дека земјите од ЕУ, кои не ја признале независноста на Косово, треба да ја предупредат германската влада за кршењето на меѓународното право на Косово, пренесува српски Telegraf.



Говорот на Севим Дагделен неколку пати бил прекинат со аплауз од пратениците на левицата. Партијата "Die Linke" има 64 пратеници во германскиот Бундестаг од вкупно 631. Целиот нејзин говор, "КФОР, враќање на меѓународното право", кој го превеле и пренеле некои албански и српски медиуми на Косово, бил објавен на официјалната веб страна на пратеничката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О