"Доколку го заземат Дамаск, а тоа се очекува од трупите на ИСИС, треба да очекуваме меѓународна конференција за Блискот исток, на која би можело да има лобирање за меѓународно признавање на Исламската држава. За тоа најгласни ќе бидат Турција и некои западни земји", оценил Чераниќ, пренесува Blic.rs
Тој додал дека во тој случај, повратниците од сириското бојно поле би се бореле под "друго знаме", односно би делувале во името на Ал Каеда, со оглед на плановите за меѓународното признавање на Исламската држава.
"Нивната приоритетна задача е создавање на "Голема Албанија", која би требало во првата фаза да се прошири на сметка на Македонија и Србија, а во втората фаза и на територија на Грција. Црна Гора ќе остане поштедена, бидејќи постигна договор со НАТО и наредниот самит ќе добие покана за членство. Нов калифат треба да очекуваме во Кавказ, каде преку Турција ќе се префрлат ударните групи на Исламската држава", рекол Чераниќ за македонскиот портал Pres 24.
Тој истакнал дека безбедносната состојба на Балканот е загрижувачка, и дека ќе продолжи дестабилизацијата на западен Балкан, кој е "кој е полигон за различни експерименти".

"Нови терористички напади можеме да очекуваме на есен", рекол Чераниќ.
Зборувајќи за спротивставувањето на терористичките закани на Балканот, Чераниќ оценил дека балканските земји ќе можат да одговорат на безбедносните предизвици со кои се соочени, само доколку се поврзат на адекватен начин, односно остварат целосна и искрена соработка.

"Во таа смисла потребно е да се направи лак Бањалука-Белград-Скопје. Мислам на мостови, односно врски во медиумска, безбедносна и политичка смисла помеѓу Македонија, Србија и Република Српска", истакнува Чераниќ.
Зборувајќи за врската помеѓу "будењето" на радикалниот ислам и "обоените" револуции во арапскиот свет, Чераниќ истакнал дека "обоените" револуции се современ механизам со кој се руши непосакуваната власт, но и државата, кои започнуваат со таканаречени ненасилни протести, а секогаш завршуваат со насилство.

"Што остана од Либија, Сирија, Украина? Гадафи залудно праќаше апели дека се бори против Ал Каеда. Од воздух Либија беше бомбардирана од НАТО, а на копно нападната од Ал Каеда. НАТО ќе ги нападнеше и силите на Башар ал Асад, доколку не се спротивставеа Русите."
Тој додал и дека за сето тоа постои заеднички интерес меѓу западните земји и радикалните исламски движења, а последица од тоа е рушењето на арапските држави на северот на Африка - Либија, Сирија и Египет, каде по изборната победа на "Муслиманското братство", бил извршен воен удар.
"Тероризмот е денес во функција на политичките и геополитичките судири", истакнал Чераниќ, велејќи дека Исламската држава и Голема Албанија се две споени работи, и дека на нивното создавање треба да се гледа во контекст на геополитички одмерување на силите помеѓу САД и ЕУ од една, и Русија и Иран од друга страна.