Повеќе од 10 години Менди Смит работела како стјуардеса за компанијата Virgin Atlantic Airways. За своето искуство ја напишала книгата 'Cabin Fever', а во неа ги изнесува деталите за забавувањето со Ричард Бренсон.
Но, тоа е само еден од многуте детали кои ги опишала сега 41-годишната, среќно омажена мајка која со години барала љубов на небо, а потоа ја нашла во сопствениот двор, пишува News.com.au.
А додека барала имало сешто – состаноци со милионери, запросувања, забави до зори. Пораснала на северот од Англија, а прв пат летала кога имала девет години. Нејзиниот татко, директор на продажба во една осигурителна компанија, неколку пати годишно ја водел на одмор. На едно од патувањата ја хипнотизирале гламурозните хостеси во своите жолто-сини униформи.
„Изгледаа толку елегантно што сакав да бидам една од нив. Но, поради наговарања од мојот татко отидов да студирам компјутерски науки“, се присетила. После дипломирањето во 1995 година, добила работа во одделот за инжинеринг во Virgin Airlines. После три години ѝ здодеало.
„Мораш малку да живееш“ ѝ порачала една колешка. Имала 26 години, само што излегла од лоша врска и го послушала советот.
Се пријавила за работа како кабински персонал. Било тешко да одолее на огласот во кој пишувало дека ќе работи многу, но ќе се забавува уште повеќе. Ја добила работата, а потоа се изненадила од се` што се случувало во воздухот.
Повеќе пати патниците ги ставале своите раце под нејзиното здолниште, а кога ќе се изгаселе светлата, патниците неретко мастурбирале додека другите околу нив спиеле. Многу работи морала да истрпи, а за илјада часа летање годишно добивала почетна плата од 25.000 долари. Сепак, вели дека вредело.
Маж на секој аеродром
Од Карибите до Јужна Африка имала мажи на секој аеродром. Нејзиното омилено место на Барбадос било клуб полн со згодни мажи. Една ноќ на маса забележала рагби тим. Се качила на нивната маса и им ги истурала пијалоците еден по еден. Подоцна истата вечер, многу од нив ѝ се придружиле на забава во хотелска соба.
Со себе, како што вели, носела диви реквизити и куферот ѝ наликувал на патнички секс-шоп.
Додека се гледала со еден од пилотите, завршила на забава во летниковецот на Ричард Брансон во Кембриџ. Вели дека никогаш во животот не видела толку шампањ колку таму.
Останала будна и пијана 24 часа, а на крајот гостите ја напуштиле куќата со подарок торбички кои биле полни со кондоми. Бидејќи врската со пилотот станала сериозна, одлучила дека мора да имаат секс во воздухот.
„Џонатан ме возеше на Флорида во Cessna со две седишта и тогаш одлучив да го искористам моментот. Се качив над него додека леташе и ја запечатив работата“, раскажала таа. Иако се забавувале заедно, сепак нивната врска не траела долго.
И таа била понижена
Еден од милијардерите кој ја прогонувал неколку пати доаѓал во Англија за да се обиде да ја освои. Иако одела со него во хотел и уживала во шампањ, јагоди и чоколада, тоа не било тоа.
Но, не била таа секогаш онаа по која лудувале. Во аеродромот Гетвик запознала еден згоден доктор и веќе размислувала за брак. На вечерата на која излегле, тој ѝ рекол дека е подготвен да се смири со искрена девојка. Таа веќе се замислила како чекори пред олтарот со него, а потоа после ноќ полна со, како што вели, неверојатен секс, се разбудила покрај празна перница. Тој си заминал, а таа била понижена.
Набрзо после тоа одлучила дека животот на стјуардеса повеќе не е за неа. Била уморна од богати луѓе кои купуваат скапи подароци наместо навистина да се поврзат со неа. Сакала вистинска љубов.
Во април 2008 година наместо да оди на одмор на некој егзотичен остров, одлучила да посети едни стари пријатели во Брајтон. Во еден момент им пришол згоден маж, поранешен професионален играч на рагби, за да ги почасти пијалок.
Додека разговарале сфатиле дека имаат многу заеднички пријатели. На првиот состанок ја однел во локален паб и знаела дека тоа е тоа. После 18 месеци познанство се свршиле. Денес живеат во Сасекс со четиригодишната ќерка.