Прво интервју по дијагнозата: Аврил Лавињ плачела зборувајќи за својата болест

Канадската пејачка Аврил Лавињ се расплакала во своето прво телевизиско интервју, откако ѝ била дијагностицирана Лајмска болест.

Поп ѕвездата отворено зборувала за здравствените проблеми и раскажала дека била "прикована" за кревет минатиот октомври, откако докторите ѝ поставиле неколку погрешни дијагнози.


"Тоа беше најлош период во мојот живот", рекла пејачката со солзи на лицето, и додала дека симптомите ги почувствувала додека била на турнеја.

Таа истакнала дека љубовта и поддршката од фановите ѝ помогнале да го преживее тешкиот период.



"На половина од терапијата сум, но веќе се чувствувам многу подобро, навистина напредувам. Благодарна сум што знам дека целосно ќе заздравам. Мислам дека ова е мојата втора шанса за живот, сакам да продолжам да го правам тоа што го сакам, многу сум возбудена", рекла Аврил.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О