"Сакаше да бидам робинка која ќе му раѓа деца", рекла пред камерите на Австрискиот јавен сервис ORF 26-годишната Елена, сопруга на напаѓачот од Грац, 26-годишниот Ален Ризвановиќ.
"Мојата работа беше само да готвам, чистам и да внимавам на децата. Ме тепаше секој ден, по рацете и нозете, дури и кога бев бремена. Надвор не смеев да излегувам без него или неговата мајка. Можев да излезам и кога неговиот татко беше надвор. Се чувствував како затвореник, без никакви права, ми ги одзема и мобилниот и пасошот", вели Елена.
"Инсистираше да носам марама, а еднаш во Босна впери пиштол во мене и ми се закани дека ќе ме убие и ќе ме фрли во река. Се закануваше дека ќе плати некој да ги убие брат ми, татко ми и мајка ми", рекла Елена со солзи на лицето.
"Многу ми е жал поради тоа што го направи. Сега само сакам со децата да заминам на безбедно", рекла Елена.