Маурициус: Совршен одмор на островот од соништата



Кога зборуваме за далечни и егзотични дестинации, први кои ни паѓаат на памет се Бали, Малдиви, Кариби... Но, и Маурициус исто така е интересна дестинација која би требало да ја земете во предвид доколку сакате да отпатувате на некое далечно или на егзотично место.

Овој остров се наоѓа на само 900 километри оддалеченост од Мадагаскар во Индискиот Океан. Маурициус е островска држава, 168-ма по големина во светот.Со површина од само 1.860 километри квадратни и нешто повеќе од милион жители, спаѓа меѓу најмалите држави на светот.



Островот го откриле Португалци во1505 година, но тој останал ненаселен до колонизацијата на Холанѓани кои го населиле во 1638 година, давајќи му го името по принцот Маурицио од Насау. Во 1810 година, островот доаѓа под управа на Британци, а независноста ја добива во1968 година, кога станува Република. Интересен факт е тоа што Маурициус е една од најразвиените држави на Африка.



Маурициските острови се создадени благодарение на низа вулкански ерупции пред околу 10 милиони години. Денес, овде повеќе нема вулкански активности. Климата на островот е тропска, зимите се топли и суви, а летата влажни и врели. Летно време, островот често го погодуваат циклони.



Главниот и најголем град е Порт Луис, кој се наоѓа на северозапад. Други поголеми градови се Курепипе, Вакоас, Феникс, Кватре Борнес и Бо-Басин. Официјални јазици се француски и англиски, но сепак, вкупно се зборуваат шест јазици, од кои најзастапен е тамилскиот кој го зборуваат дури 800.000 луѓе.



Маурициус во светот е познат уште по некои занимливости. Една од нив е и птицата Додо, која настанала во далечната 1681 година. Исто така, Маурициус е петта држава на светот која добила поштенска марка.



Накратко: прекрасно сино море, ретки животински видови, палми и песочни плажи – се само дел од убавините кои ве очекуваат на Маурициус, затоа имајте го таму вашето патување од соништата. Среќен пат!



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О