Актери кои биле пијани за време на филмскиот сет




Мал е бројот на актери на кои им се дозволува да пијат алкохол за време на снимањето на филмовите. Па дури и да глумат некој кој е пијан... всушност затоа и ги нарекуваме актери.

Сепак тоа не значи дека сите актери го почитуваат тоа „правило“, па често се случува пред да почнат со снимање на сцените да испијат по некоја чашка за да се опуштат. Понекогаш тоа го прават како оправдување за „навлегување во карактерот“ кој го глумат, а некогаш за да ги смират нервите пред снимањето на „тешките“ сцени.

Маргот Роби (The Wolf of Wall Street) - Кога ќе ја споредиме со ѕвездата на филмот, Леонардо Ди Каприо, Маргот Роби претходно глумеше во не така популарни филмови. Поради ова, Маргот имала голема трема пред снимањето на секс сцената со Леонардо, па морала да испие три чашки текила за да ги смири нервите.




Со оглед на тематиката на филмот и големите колични на алкохол и дрога во сценариото, малку и чудно изгледа тоа што само Маргот пробала алкохол на снимањето. Како и да е, алкохолот дефинитивно ја зголемил нејзината самодоверба пред снимањето на сцената.


Едвард Нортон и Бред Пит (Fight Club) - Иако целиот култен филм во режија на Дејвид Финчер е исполнет со незаборавни сцени, сепак една од најпрепознатливите е сцената кога Едвард Нортон и Бред Пит пијани удираат топчиња за голф.


За време на снимањето на оваа сцена, Пит и Нортон навистина биле пијани, односно режисерот Дејвид Финчер подоцна одлучил да ја вклучи оваа сцена во филмот откако ги забележал двајцата актери како во алкохолизирана удираат топчиња во паркиран камион. Финчер наредил веднаш да ги доведат камерите, снимил неколку кадри - и ја добивме една од најдобрите сцени во филмот.


Мила Кунис и Натали Портман (Black Swan) - Режисерот на „Црниот лебед“, Дарен Аронофски тврдеше дека Натали Портман и Мила Кунис морале да испијат едно шише текила за да ги „опуштат“ нервите пред снимањето на можеби најпопуларната, секс-сцена во филмот.


Кунис подоцна негираше дека била пијана за време на снимањето, но покрај Аронофски, уште неколку луѓе кои што присуствувале на снимањето тврдеа дека двете актерки биле пијани.


Мартин Шин (Apocalypse Now) - Хаотичното 16-месечно снимање на култниот Apocalypse Now ги „наплати сметките“. Режисерот Френсис Форд Копола размислувал за самоубиство и загубил 45 килограми, додека пак актерската ѕвезда Мартин Шин имал срцев удар! После ваков стрес, се чини дека сите побарале спас во алкохолот.

Имено, најпознатата сцена во хотелската соба не била во сценариото. Едноставно, Шин се испијанил, а Копола им наредил на камерманите да снимаат. За време на сцената, речиси целосно голиот Шин со тупаница скрши огледало, заработи исекотина, почна да плаче и целиот раскрварен физички го нападна режисерот Копола. Најголемиот дел од снимените кадри беа вметнати во филмот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О