Пукање во Куманово

Во престрелката во Куманово според неофицијални информации убиен е Џемаил Реџепи, познат како командант Шќипоња во поранешната ОНА, а бил повреден и Шефки Реџепи, роднина на убиениот.

Кумановската полиција попладнево излезе со првични информации за убиството. Портпаролката на СВР Куманово Валентина Николовска, изјави дека во 15:30 часот во населбата Бедиње се случил вооружен инцидент помеѓу две групи. 


- Едното лице е починато, едно е повредено и поради сериозноста на повредите пренесено е во Ургентниот центар во Скопје, а едно е задржано во кумановска болница, рече Николовска.

Увидот на полицијата и на основен јавен обвинител се уште трае. СВР Куманово трага по лицата кои учествувале во вооружениот инцидент и се работи на целосно расчистување на настанот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О