10 земји кои лежат на океани од нафта


Најголемите светски сили и Иран постигнаа договор да ја поддржат нуклеарната програма на Иран за најмалку 10 години, во замена за милијарди долари кои ќе бидат ослободени од интернационалните санкции.

Една од најспоменуваните страни на ефектите на овој договор е повторниот влез на иранската руда на глобалните пазари.

Интересно е штоиако Иран има огромни количества на масло, оваа исламска република не ни во првите три држави кои имаат најголеми резерви на сирова нафта.

Според податоците обезбедени од аналитичарот на Barclays, Мајкл Коен, создадена е листа на 10 земји во кои се наоѓаат најголемите количества на нафта.

10. Нигерија

Потврдени резерви на сирова нафта: 6708 милијарди литри

Нафтата е доминантниот извор на владини приходи во Нигерија од 1970-тите. Сепак, земјата се справуваше со големи проблеми после минатогодишниот колапс на цените на нафтата. Сега Нигерија има дополнителна конкуренција поради враќањето на иранското масло на пазарот.



9. Либија

Потврдени резерви на сирова нафта: 7932 милијарди литри

Либиската економија е речиси целосно зависна од енергетските извори. Продажбите на нафта и гас опаднаа нагло во 2014, после големите протести и прекини со преработката на нафта.


8. Русија

Потврдени резерви на сирова нафта: 13092 милијарди литри

Иако Москва веројатно ќе добие многу на геополитички план од иранскиот договор, враќањето на иранското масло на пазарот е лоша вест за нив, бидејќи Техеран може да надвладее еден од најголемите европски пазари кој го снабдува Русија.

„Иран ќе се натпреварува рамо до рамо со Русија за европскиот пазар“, вели Ед Морс, претседател на истражувачката група во Citigroup за Bloomberg.


7. Соединетите Арапски Емирати

Потврдени резерви на сирова нафта: 16005 милијарди литри

ОАЕ е уште една земја која е богата со енергетски извори, која е сосема модернизирана откако овде откриле нафта пред повеќе од 30 години. Од падот на цените во 2014, овде се произведуваат рекордни количества на сирова нафта.


6. Кувајт

Потврдени резерви на сирова нафта: 17020 милијарди литри

Петролејот е должен за половина од ГДП-то на Кувајт, а земјата планира да ја зголеми продукцијата на масло на 4 милиони буриња (655 милиони литри) на ден до 2020 година. После санкционирањето на Иран во 2012, Кувајт заедно со Саудиска Арабија превзеде најголем дел од иранската трговија со Азија.


5. Ирак

Потврдени резерви на сирова нафта: 22961 милијарди литри

Економијата на Ирак, водена претежно од државата, сосема зависи од нафтата. Како последица на тоа, како што цените на маслото паднаа во 2014, владините средства се намалија за 30%.

До 2015 , Ирак, кој е еден од најголемите производители во OPEC, испумпува нафта во рекордни количини.


4. Иран

Потврдени резерви на сирова нафта: 27541 милијарди литри

Иранската сирова нафта е ас во нивниот ракав во моментов. Аналитичарите веруваат дека враќањето на иранската нафта на глобалниот пазар може да ги намали цените. Освен тоа, може да има и зголемена тензија помеѓу Иран и Саудиска Арабија, како и меѓу Иран и Русија.


3. Канада

Потврдени резерви на сирова нафта: 28345 милијарди литри

Канада извезува најголем дел од нејзиното масло во САД и Европа. Таа е најголем странски снабдувач со масло на САД.

Сепак, неодамнешен извештај покажува дека маслото од Канада е околу 20% поинтензивно со јаглен од она на другите земји. Тоа значи дека ако Канада извезува повеќе масло на САД, ефектот на стаклена градина и гасните емисии од возачите во САД ќе пораснат.


2. Саудиска Арабија

Потврдени резерви на сирова нафта: 43926 милијарди килограми

Саудиска Арабија беше голем играч во играта на нафта минатата година. Неодамна, ова кралство одби да ги намали цените.

Освен тоа, Иран сака двојно да го зголеми извозот на сирова нафта најбрзо што може после прекинот на санкциите, и ќе ги натера другите членови на ОРЕС да ги обноват квотите на картелот, што може да ги промени работите за Саудијците и нивниот неформален монопол.


1. Венецуела

Потврдени резерви на сирова нафта: 48721 милијарди литри

„Венецуела останува високо зависна од цените на нафтата, кои сочинуваат речиси 96% од профитите од извозот, околу 40% од владините средства и 11% од ГДП“, според ЦИА.

Како последица на тоа, падот на цените во 2014 во комбинација со рецесијата, ја сруши венецуелската економија. Сега, земјата бара сојузници надвор од ОРЕС со надеж да ги стабилизира цените на маслото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О