Кои се најбезбедните седишта во авионите?

Статистичките податоци за безбедноста и сигурноста во авиони и авиосообраќајот, во анализа на магазините Time и Popular Mechanics, покажуваат кои се најбезбедните седишта во авионот.



Податоците на магазините Time и Popular Mechanics, укажуваат дека седиштата на задниот дел од авионот се најбезбедни, односно патниците на тие седишта имаат најголеми шанси за преживување во случај на несреќа. Статистиката покажува дека стапката на преживување на средните седишта во задните редови изнесува 72% .

За да го направи ова истражување, Time анализираше 17 авионски несреќи што се случиле во последните 35 години, а Popular Mechanics ги зеде во предвид сите авионски несреќи во периодот 1971-2007.

Доколку следен пат се најдете на некое од задните седишта во авионот и се нервирате затоа што мора да чекате додека дојдат пијалаците до вас, помислете на ова: доколку се сруши авионот, вие имате најдобри шанси за преживување.

Но Time потсетува, шансите за смрт во автомобил се 1 во 112, како пешак 1 во 700, на мотор 1 од 900, а на авион 1 од 8000.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О