Десет работи што се забранети во Северна Кореја

Во одредени земји луѓето ја немаат слободата како во останатите држави во светот. Северна Кореја е земја позната по најмалку слобода и најмногу забранети работи. Metro направи листа од десет работи што се забранети во оваа земја.



1. Пиење алкохол

Пред неколку години еден воен офицер бил погубен во Северна Кореја поради пиење алкохол за време на жалењето за смртта на Ким Јонг Ил, во предвидениот период од 100 дена тажење.

2. Гледање телевизија

Минатата година во Северна Кореја биле погубени 80 луѓе за гледање на различни шоу емисии од Јужна Кореја. Властите натерале околу 10.000 луѓе, меѓу кои и деца, да го гледаат погубувањето.

Народот во Северна Кореја не смее да гледа телевизија, освен државни програми.

3. Возење автомобил

Единствено на државните службеници им е дозволено да имаат сопствен автомобил. Утврдено е дека на сто жители само еден поседува автомобил.

4. Слушање музика

Нема слушање на никаква музика, освен пофални песни за Ким Јонг Ун.

5. Комуникација со луѓе од странство

Ако се јавите некому надвор од Северна Кореја може да бидете осудени на смртна казна. Во 2007 година еден човек бил убиен затоа што направил неколку меѓународни повици.

6. Право на сопствено мислење

Такво нешто нема во Северна Кореја, пишува Metro. Секој што ќе го критикува режимот ќе заврши во логор.


Интернетот е забранет, може да се користи ако е одобрено од државата

7. Заминување од земјата

Луѓето воопшто не ни можат да помислат да ги посетат роднините во Јужна Кореја или Кина, ниту пак да одат во друга земја.

8. Религија

Во Северна Кореја има слобода на религијата, но некои примери покажуваат дека не е така. Една жена христијанка, обвинета за дистрибуирање на Библијата, била јавно погубена за тоа дело.

9. Порнографија

Гледањето или продавањето порнографија е казниво со смрт.

10. Интернет

Во Северна Кореја нема користење на интернет, интернетот се користи единствено за ширење пропаганда.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О