Атрактивната Симона со нова фотосесија како божица

Уште една нова песна на се популарната Симона Попоска на македонски јазик.

Веќе во радискиот етер можеме да ја слушнеме “Се ќе помине” за која комплетен автор е Дј-от и продуцент Ерик Фокс која е во ритам својствен за дуото (Вокал клуб) додека текстот го напиша пејачката и текстописец на многу хитови Магдалена Цветковска.



Фотосесијата ја изработи нашиот познат фотограф Алекс Јакимовски, во соработка со стилистот Бобан Тодоровски, а се снимаше рано наутро на изгреј сонце во околината на Скопје.



Дуото работи во полна пареа ова лето како на нови песни, спотови и подготовки на нивниот прв албум, така и со настапите насекаде низ државава каде можат да се видат буквално насекаде. Така овој викенд нивните фанови можат да се дружат со нив во:


Петок: Скопје - City Mall "Late Night Summer Shopping" - Beach wear fashion show" од 20.00h;

Сабота: 04.07 Охрид – на манифестацијата "Бела ноќ" на градскиот плоштад од 21.00h.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О