Тие се целосно природни и премногу секси!

Тоа е секојдневие во Холивуд. Телата на убавите жени чинат по милиони долари, за да го достигнат совршениот холивудски изглед. Ким Кардашиан создала нов тренд кај "задниците", а Памела Андерсон кај "бујните цврсти облини". За среќа, постојат и познати личности кои не сакале да посетат пластичен хирург и го задржале природниот изглед. Ова се некои од нив.

1. Кејт Хадсон

Дваесет минути дневно пилатес се доволни за да имате тело како на Кејт Хадсон. Според холивудската ѕвезда, скокање на јаже е една од најдобрите работи кои оваа убавица ги прави.

"Верувам во 20 минути тренинг дневно. Сакам да скокам на јаже затоа што тоа е најефикасна кардио вежба која можете да ја вежбате, а лесно е", рекла Кејт за Sunday Times Style Magazine.


2. Ријана

Ѕвездата гордо шета со своите природни облини и долгите нозе, а тренира три пати неделно. Исто така, таа се придржува до зеленчукот. Рири е голем фан на чистењето на организмот, кое го практикува најмалку еднаш месечно. Кога е во теретана, таа дава 110 проценти од себе.


3. Џенифер Лав Хјуит

Таа не била секогаш најслабата жена во Холивуд, но вложила труд и покажала што може. Сега таа има спортска и секси фигура, а се придржува и на здрав режим на исхрана. Сака да џогира и да го одржува своето тело природно.


4. Скарлет Јохансон

Тајната на нејзиното совршено тело по породувањето е доењето. Скарлет вели дека не ѝ претставува проблем да одвои време за тренингот, кој е секогаш тежок. Актерката сака да се испоти.


5. Жизел Бундшен

Да се биде супермодел значи да се има најдобро тело во светот. Иако има многу убавици кои шетаат на ревиите, сепак, една е Жизел. Таа го има најпрепознатливото тело. 34-годишната мајка на две деца, успева да го одржи рамниот стомак и затегнатите нозе.



6. Софија Вергара

Дали можете да поверувате дека таа има 42 години, дека изгледа како што изгледа и дека мрази да тренира? Иако не сака да тренира, почнала поради здравствени проблеми.

"Сега кога сум постара, тренирам повеќе. Се обидувам да тренирам барем три пати неделно кога не работам", рекла Софија за New York Times.


7. Бијонсе

Веројатно едно од најсексапилните тела во музичката индустрија. Нејзините природни облини, чистиот режим на исхрана и фитнесот, се заслужни за нејзиниот сексапил. Таа е позната по тоа што секое слободно време го минува во тренинг.


8. Џенифер Лопез

Таа секогаш успева да ги истакне своите облини во прв план. Додека многу ѕвезди се обидуваат да направат тело со облини, таа е родена со нив. Џенифер се обидува да јаде здраво колку што тоа е можно, но признава дека од време на време знае да изеде и нешто "лошо".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О