Навивачите на Ајнтрахт и Лидс се пресметаа во Австрија (видео)

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт и Лидс имале „блиска средба“, по контролниот натпревар меѓу овие два тима одигран во Австрија. По хаосот кој настанал на теренот, лекарска помош побарале еден навивач на Лидс и еден полицаец.



Дуелот меѓу Ајнтрахт и Лидс заврши со победа на екипата од Франкфурт (2-1), но веднаш по последниот свиреж на судијата на теренот настанал вистински хаос.

Според извештаите, малубројните германски навивачи тргнале кон неколкуте стотни навивачи на Лидс со цел да им ги одземат знамињата.

Во тепачката веднаш се вмешала и австриската полиција, која некако успеала да ги исфрли германските навивачи од теренот.

Епилог на тепачката се две повредени лица кои побарале лекарска интервенција (еден полицаец и еден навивач на Лидс) и 20-ина уапсени хулигани.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О