8 причини зошто не треба да одберете кожни седишта во автомобилот

Со децении, фразата „Има кожни седишта” беше дефинирачки фактор дали луѓето го доживуваат вашиот автомобил како убав. Мирисот, чувството… сите овие фактори допринесуваа за привлечноста и мистиката на кожните седишта.

Сепак, никогаш не би требало да имате кожни седишта во вашиот автомобил. И додека активистите за права на животните си имаат свои причини да ви го кажат ова, нема да навлегуваме таму бидејќи е ирелевантно. Настрана од сите идеолошки дебати, кожните седишта немаат смисла во повеќето коли од практична причина, а еве и зошто.


Познатиот „мирис на кожа” е лажен

Брза лекција по историја: затоа што новите кожи мирисаат прилично лошо, се потопуваат во парфеми. Ова се одвива веќе стотици години - всушност, мирисот „Англиска кожа” бил создаден за ракавиците на кралот Џорџ III.



Обично не се добива вредноста која се плаќа

Едноставниот факт кога барате кожни седишта е дека тоа што всушност го добивате се седишта со делови од кожа. Задниот дел или страничниот, најчесто не се кожни во повеќето автомобили. Што мислите, зошто некои производители нудат „надополнет кожен пакет” како опција по значително повисока цена?

Одржувањето на кожата бара многу работа

За правилна грижа и нега на кожата, треба да ги чистите и соодветно да ги третирате седиштата неколку пати годишно.



Ништо не изгледа полошо од „износени” кожни седишта

Најдобрите кожи, кога се одржуваат правилно, од стареењето и полирањето формираат слој кој изгледа богато и стилски. Сè друго, вклучувајќи ги повеќето кожни седишта, со текот на годините ќе изгледа распаднато.

Повеќето автомобили се опремени со неквалитетна кожа

Погледнете ги одблиску вашите кожни седишта. Како ви изгледаат?



Ќе се лизгате додека седите

Ќе треба да знаете како да го прилагодите телото во седиштето секогаш кога ќе тргнете брзо или ќе застанете на семафор.

Секогаш е претопло или преладно

Да седнете на кожни седишта на жежок летен ден е еквивалентно да седнете на врело кафе. Ако го направите истото во ладно зимско утро, автоматски се квалификувате за Клубот на Поларни мечки.

Обично не е баш толку удобно

Ако сте во некој врвен автомобил, тогаш да - седиштата се рај. Направени се од најмеките и најдобрите кожи на планетата. Ама ако сте во автомобил кој нов чини помеѓу 20.000 и 30.000 евра, поверојатно е дека кожата не е удобна колку што би била текстилната верзија. Отидете во салон, седнете во истиот автомобил со кожа и без. Ќе ја видите разликата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О