Лола Понс е родена на 25 јуни 1982 во Аргентина. Таа се пробила во Латинска Америка уште во 2001 година кога го издала својот деби албум „Inalcanzable”.
Во 2002 година станала позната во Италија откако настапила како Есмералда во мјузиклот "Notre-Dame de Paris" кој се играл во Верона.
Пред седум години победила на фестивалот во Сан Ремо со песната "Colpo di fulmine".
Покрај убавиот глас и талентот за глума, оваа жена го привлекува вниманието на јавноста и со својата заносна убавина и одличниот стас, па затоа ја сметаат за една од најубавите жени во Аргентина.
Пејачката била 5 години во врска со италијански адвокат, а сега е во врска со актерот Арон Дијаз, со кој имаат две деца.
Парот се запознал на снимањето на теленовелата "El Talisman", каде што глумеле брат и сестра.