Пропадна трансферот од соништата на Жервињо: Барал приватен хеликоптер, приватна плажа...

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска претера со барањата до управата на неговиот иден клуб, па на крајот остана во Рома...

На почетокот од овој месец Римјаните беа пред одлична зделка. Од Обединетите Арапски Емирати се јави управата на Ал Џезира која имаше намера да го ангажира Жервињо.

На Рома им нудеа од 13 до 15 милиони евра што беше одлично за римскиот клуб, посебно ако се земе во предвид тоа што за него платија 7 милиони евра, а зад него е катастрофална сезона во која што постигна само два гола.

Дури и на Жервињо одлично му дојде интересот на „Емиратите“ и се очекуваше наскоро да се пресели во ОАЕ. Се шпекулираше дека Ал Џезира му нуди повеќегодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона, што е речиси тројно повеќе од неговата годишна плата во Рома која изнесува 2,5 милиони евра.



Сепак, времето поминуваше, но немаше официјална потврда на трансферот. Од "La Gazzette dello Sport" тврдат дека наводно целата работа пропаднала поради низата на дополнителни барања на Жервињо.

Наводно Жервињо од челниците на Ал Џезира побарал хеликоптер кој ќе му биде на располагање 24 часа дневно, вила за целото негово семејство, неограничен број на патувања до Брегот на Слоновата Коска и приватна плажа! Иако парите не претставуваат проблем, сепак челниците на Ал Џезира едноставно се откажале од Жервињо и моментално се во потрага по друг, нормален фудбалер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О